Џерард: Цел свет знае колку ми значи Ливерпул, но сега сум фокусиран на Астон Вила

Поранешниот играч на Ливерпул, Стивен Џерард уште на првата прес-конференција како менаџер на Астон Вила одговараше на прашања поврзани со Ливерпул.

Британските медиуми тврдат дека Џерард е апсолутен фаворит да го наследи Јирген Клоп на „Енфилд“ на истекот на неговиот договор во 2024 година, но поранешниот капитен на „црвените“ покажа почит кон неговиот нов клуб.

„Единствена тема на оваа прес-конференција е Астон Вила и мислам дека не би било фер кон нашите фанови да разговараме за нешто друго. Цел свет знае колку ми значи Ливерпул, но сега сум исклучително фокусиран кон Астон Вила и друго не е тема“, рече Џерард.

Но, на новинарите, сепак, им беше одговорено на темата „Ливерпул“.

„Мислам дека Ливерпул има врвен тренер и пресреќен сум со него да потпишат доживотен договор. Со Клоп сум во контакт уште откако работев со јуниорите на Ливерпул. Живееме блиску еден до друг и се среќаваме кога го шеташе кучето. Одлична личност. Кога бев во Ренџерс се слушавме и разменувавме искуства и можам да кажам дека се радувам на средбата со него во Ливерпул“, рече Џерард.

Се вчитува...