Џерард : Сакаме победа за да ги израдуваме фановите на Астон Вила, тоа е мојот приоритет

Англиската спортска јавност создаде огромен притисок врз Стивен Џерард и тој е најспоменувано име во јавноста во најавата за завршното коло во Премиерлигата, од едноставна причина што легендарниот капитен на Ливерпул може да му направи услуга на својот сакан клуб.

Аактуелениот менаџер на Астон Вила ќе оди на мегдан против Манчестер Сити на „Итихад“, а бидејќи тимот од Бирмингем нема никакви амбиции за поволен резултат, се верува дека тие ќе играат само да ја нарушат шампионската прослава на Пеп Гвардиола.

Доколку Астон Вила успеа да откине бодови во Манчестер, Ливерпул со победа во завршната рунда ќе стане нов англиски шампион, сценарио кое го посакуваат сите на „Енфилд Роуд“. Јирген Клоп порача дека очекува максимално залагање од Џерард и неговите фудбалери, но Џерард е разочаран што многумина го повредуваат интегритетот на Астон Вила.

„Разочарувачки е што луѓето од страна го доведуваат во прашање интегритетот на Астон Вила и моите играчи. Ние ќе излеземе на теренот овој викенд и ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме фановите на Астон Вила. Ако тоа му помогне на Ливерпул ќе биде фантастично, но мој приоритет е Астон Вила. Имаме за игра уште три големи бода, имаме шанса да ја завршиме сезоната на најдобар начин. Ќе биде добро ако ги наградиме нашите фанови со бодови. Што се однесува до Ливерпул, максимално ги разбирам и ги почитувам гласините околу моето име. Тие се инволвирани во шампионската трка, а јас минав многу време во тој клуб“, изјави Џерард.

Се вчитува...