Не мрда никаде Џереми Доку од Манчестер Сити. Белгиецот ги договори сите услови да потпише нов договор со тимот, кој ќе биде со важност до 2031 година.
Брзоногиот крилен фудбалер веќе три години е дел од Сити, откако дојде од Рен, и се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот на „Граѓаните“. Сегашниот договор на Доку истекуваше во 2028 година.
Доку во моментов е на Светското првенство со Белгија, за која има одиграно 44 меча и постигнато седум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
