Џеси Лингард пред трансфер во Порто

Поранешниот англиски репрезентативец Џеси Лингард одамна не е во потребната форма, а до крајот на месецот би можел и да го напушти Манчестер Јунајтед. Преодниот рок во Англија заврши, но Лингард би можел да се пресели во Португалија и да го облече дресот на Порто.

Трансфер-прозорецот во Португалија се уште трае, а Порто притиска да го добие потписот на Лингард. Тој одамна не е во плановите на Оле Гунар Солскјер за стартниот тим на Манчестер Јунајтед, минната сезона настапи на 22 натпревари, а оваа сезона е на клупата за резерви. Порто ќе се обиде да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, а за Лингард тоа би била убава шанса да ја оживее кариерата.

На позајмица во Порто пристигна и фудбалерот на Ливерпул, Марко Грујиќ.

 

Се вчитува...