Џеси Лингард се враќа во Вест Хем

Џеси Лингард го напушти Манечестер јунајтед oткако коро целиот свој живот го помина во клубот од „Олд трафорд“ каде во меѓувреме беше испраќан и на позајмици.

Прв фаворит за потписот на 29-годишниот напаѓач е Вест Хем, клуб во кој минатата година во втората полусезона помина на позајмица и ги покажа можеби и најдобрите партии во кариерата.

Токму во тие шест месеци поминати во Лондон, Лингард со девет постигнати гола беше најдобар поединец во тимот на Дејвид Мојс. Лингард минатата зима беше поврзуван и со трансфер во Њукасл.

Се вчитува...