Џиџи: Иако Шкупи е голем фаворит, Вардар нема да излезе со „бело знаме“

Вардар ќе му гостува на Шкупи во првиот натпревар од последниот круг во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на „црвено-црните“ Никола Илиевски – Џиџи вели дека и покрај тоа што Шкупи е фаворит Вардар на ова гостување нема да замине со бело знаме.

„Шкупи е одлична екипа и дефинитивно е фаворит на овој натпревар. Но, и покрај фаворитската улога Вардар на гостувањето нема да замине со „бело-знаме“. Стручниот тим добро го анализираше противникот и верувам дека фудбалерите на теренот ќе можат да ги исполнат барањата. Многу ми значи на мене, но посебно на фудбалерите големата поддршка од „Комити“ бидејќи и покрај сите проблеми знаат дека има луѓе кои што стојат позади нив и секогаш ќе бидат тука за Вардар. Имам голем број дебитанти во тимот и навистина за тие млади фудбалери многу значи големата поддршка која ја добиваме секојдневно. Околу здравствениот билтен под знак прашалник е само капитенот Дејан Блажевски, за кого медицинскиот тим ќе даде мислење дали ќе може да настапи на натпреварот“, вели Илиевски. 

Натпреварот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе се игра во недела со почеток во 15 часот.

Се вчитува...