Џиџи: Мора да бидеме задоволни од ремито, и мора да кажам – благодарам Комити!

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи, сумирајќи ги впечатоците од првиот пролетен натпревар на „новиот Вардар“, истакнува дека не може да не биде задоволен од ремито со Пелистер.

„Ако добро ја знаеме целата ситуација во која се наоѓа клубот, ако се знае дека немавме квалитетни подготовки, со само седум тренинзи пред првиот меч, и ако се знае колку многу фудбалери заминаа од тимот за време на зимската пауза, тогаш сигурно може да бидеме задоволни од ремито со Пелистер. Можеби можевме и до победа во моментите кога при 2-1 имавме две убави шанси, но на крајот сме задоволни затоа што игравме против добар тим кој е одлично физички подготвен, за разлика од нас“ – истакна Илиевски по натпреварот со Пелистер, притоа нагласувајќи ја благодарноста и до „Комитите“.

„Комитите се најзаслужните што се собравме, почнавме со тренинзи и што секојдневно наоѓаме мотив за чекори плус напред во ова првенство и изборување опстанок. Затоа мора да кажеме – благодариме Комити. За нашите млади играчи ова реми ќе значи и дополнително зголемување на самодовербата пред следните дуели“ – вели Илиевски.

Се вчитува...