Џиџи пред клучниот дуел со Борец: „Вардар е најголемото македонско фудбалско име, но сега секој е фаворит против нас!“

По триумфот над Беласица во претходното коло, Вардар го очекува директниот дуел, можеби клучната битка за останување во игра за прволигашкиот опстанок. „Црвено-црните“ во 30. коло од ПМФЛ денеска гостуваат на Борец во Велес, на кого исто така му се неопходни за опстанок.

Борец, согласно изданијата оваа пролет, влегува со фаворитската улога во директната пресметка за опстанок, но и „вардарци“ веруваат дека можат до трите бода кои ќе донесат дополнителен мотив пред финишот на сезоната.

„Останува борба до крај за опстанок и ако можеме да избегнеме и бараж. Воопшто нема да биде лесно до крајот на сезоната во која остануваат уште четири средби. Имаме натпревар со директниот конкурент Борец, а на останатите натпревари противниците ќе бидат фаворити. Вардар има големо име, но во моментов ситуацијата е таква што секој противник е фаворит со нас“ – вели шефот на стручниот штаб на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи.

ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

Велес: БОРЕЦ – ВАРДАР

Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС

Се вчитува...