Џикиќ го „закопа“ Естудијантес, па доби отказ

Неславно заврши авантурата на Александар Џикиќ во Шпанија откако поранешниот македонски селектор доби отказ од тренерската функција во тимот на Естудијантес.

Мадридскиот клуб игра катастрофално сезонава, во досегашните 22 кола има скор 4-18, а во последните дванаесет рунди од Ендеса-лигата забележа само една победа. Во една таква ситуација, сосема оправдана е одлуката на управата да ја прекине соработката со српскиот стратег.

За привремен тренер на Естудијантес именуван е досегашниот помошник на Џикиќ, Хавиер Замора, кој ќе го води тимот во периодот додека не биде ангажирана долгорочна замена за Србинот.

Се вчитува...