Џилардињо стави крај на фудбалската кариера

Легендарниот италијански фудбалер Алберто Џилардињо, на 36-годишна возраст реши да стави крај на кариерата. Ветеранот кој во 2006 година со Италија стана светски шампион, летово успешно ги помина тренерските курсеви, но реши да остане на теренот уште една година.

Напаѓачот кој има 273 погодоци во својата кариера, доби понуда да игра за третолигашот Про Пјаченца. Но, Џилардињо на крај реши да го откаже договорот со тимот и да ги „закачи“ копачките, објави „Газета дело спорт“.

Алберто Џилардињо има постигнато 188 гола во Серија А, ја освои Лигата на шампионите со Милан во 2007 година, а во својата богата кариера го носеше дресот на Пјаченца, Верона, Парма, Милан, Фиорнетина, Џенова, Палермо, Емполи, Пескара, Специја и на Болоња.

Се вчитува...