„Џинот“ на Вардар во дрим-тимот на ЛШ

Даинис Криштопанс беше најзаслужен што Вардар излезе како победник од гостувањето во Шведска, а одличниот настап му обезбеди на „џинот“ на „црвено-црните“ место во идеалинот тим од тринаесеттото коло од Лигата на шампионите.

Осумте погодоци на Криштопанс беа доволна препорака за тој да биде избран за најдобар десен бек во изминатото коло од ЛШ, за место во идеалниот тим крај Абало, Колбахер, Скубе…

Нема дилеми, кога ќе влезе во ритам Криштопанс е незапирлив, а на Вардар ќе му бидат неопходни нови вакви партии на Летонецот за да се стигне до ново учество на фајналфор турнирот во Келн.

 

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ВО ЛШ

Лево крило: Иван Никчевиќ (Спортинг)

Лев Бек: Барис Пукхуски (Мотор)

Среден бек: Себастијан Скубе (Бјерингбро)

Десен бек: Даинис Криштопанс (Вардар)

Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)

Пивот: Јаник Колбахер (Рајн-Некар Левен)

Голман: Ричард Капелин (Кристијанштад)

Се вчитува...