Џирона загуби дома, Миовски влезе дури во 90. минута

Бојан Миовски влезе во игра дури во 90. минута од вечерашниот натпревар што неговата Џирона го загуби на домашен терен од Хетафе со 1-2, прв настап на македонскиот репрезентативец во новата календарска година по проблемите со повредата што ги имаше на крајот од 2024.

Гостите први поведоа преку Уче, Ерера израмни на почетокот од второто полувреме за Џирона, но искусниот Борха Мајорал го врати гостинскиот тим во водство.

Џирона го заврши натпреварот со фудбалер помалку по исклучувањето на стрелецот Ерера, а Миовски влезе во игра во 90. минута, по што во судиското продолжение не се најде во ситуација посериозно да го загрози голот на Хетафе.

Standings provided by Sofascore,

Се вчитува...