Џоел Ембид ќе игра за репрезентацијата на Франција!?

Џоел Ембид станува француски кошаркарски репрезентативец, пренесуваат европските медиуми. Неофицијално тој ја почнал процедурата за добивање француско државјанство, по што би добил право да заигра за „галските петли“.

МВП кандидатот сезонава и најдобар стрелец во најсилната лига во светот е роден во Камерун, но нема одиграно ниту еден натпревар за оваа репрезентација.

Со оглед на тоа дека Франција нема ниту еден натурализиран кошаркар во своите редови, нема да има проблем да добие засилување. Ова не е прв обид на Ембид да добие документи од Франција, имаше еден неуспешен обид пред четири години.

Се вчитува...