„Џокерот“ Гарначо донесе победа на Манчестер Јунајтед во 93. минута (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Јунајтед на пауза заминува со тешка победа над Фулам на „Кревин Котиџ“. Избраниците на Ерик Тен Хаг со многу мака го совладаа тимот на Фулам на гости, со гол дури во 93. минута.

Се добро почна за Јунајтед, и поведе уште во 14. минута од средбата преку Ериксен. Џејмс во 61. минута успеа да израмни, а „џокерот“ Гарначо во третата минута од продолжението успеа да донесе победа.

Јунајтед дојде до осмиот триумф во сезоната, и се најде на позицијата број 5 пред двомесечната пауза поради Мундијалот.

Се вчитува...