Џон Оби Микел: Азар е најмрзлив на тренинзите, но најдобар на натпреварите

Нигерискиот интернационалец Џон Оби Микел се наврати на периодот кога го носеше дресот на Челси и јавно откри дека Еден Азар е најмрзливиот фудбалер со кого тренирал. Тој речиси и воопшто не се трудел на тренинзите, но, како што вели сегашниот фудбалер на Трабзон, Белгиецот секогаш е најдобар на натпреварите.

„Азар е веројатно најмрзливиот фудбалер со кого сум тренирал. Не можете да го видите на тренинг да запне со цела сила. Но, неговиот талент е неспорен и секогаш е најдобар на натпреварите, умее да ги реши со еден потег. Мислам дека ќе успее и во Реал Мадрид, затоа што е фантастичен фудбалер“, изјави Џон Оби Микел.

Тој вели дека Садио Мане од Ливерпул би требало да ја добие „Златната топка“ оваа година, а најдобар фудбалер на денешницата е Лионел Меси.

Се вчитува...