Џон Тери: Мурињо одбиваше да изговори „Ливерпул“

Во периодите додека го преводеше Челси, Жозе Мурињо толку го мразел Ливерпул што воопшто и одбивал да го изговори името на овој клуб. За ова сведочи поранешниот капитен на „сините“ Џон Тери во интервју со Џејми Карагер. За тимот од Мерсисајд, Португалецот го користел зборот „овие“

„Се сеќавам на тимскиот говор пред дуелот со Ливерпул, а кога ја освоивме Лигата. Мислам дека имавме 20 или 21 поен предонст и тој ни велеше „нема шанси да го загубите натпреварот против овие“. Не можеше ниту да го изгвори името Ливерпул. Ни велеше„не можете да изгубите од овие денеска, вие сте многу подобри од овие“ – раскажува Тери.

Џон Тери и Жозе Мурињо заедно освоија три титули во Премиер-лигата, но загубија во полуфиналните пресемтки од Ливерпул во Лигата на шампионите и во ФА купот.

 

 

Се вчитува...