Џордан Кларксон најдобар шести играч во НБА (ВИДЕО)

Кошаркарот на Јута Џез, Џордан Кларксон е избран за најдобар шести игра во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Тој во трката за оваа награда беше подобар од својот соиграч Џо Инглс и плејмејкерот на Њујорк Никс, Дерик Роуз.

Кларскон сезонава просечно по натпревар бележеше 18,4 поени и беше еден од најзаслужните за тоа што „џезерите“ го освоија првото место во Западната конференција.

 

Се вчитува...