Џовани Симеоне не мрда од Џенова

Напаѓачот на Џенова, Џовани Симеоне не планира во блиска иднина да си замине од италијанскиот прволигаш и одби да се пресели во Вилјареал.

Тимот од Шпанија остана без Александре Пато, кој својата кариера ќе ја продолжи во Кина и Џовани Симеоне беше прв ’пик’ за напаѓачката позиција, но Џенова одби 20 милиони евра за неговите услуги.

Симеоне игра одлично оваа сезона во дресот на Џенова и настапи на 22 натпревари, постигнувајќи и 11 погодоци, што го вклучи ’алармот’ кај останатите европски екипи, кои веднаш покажаа интерес за него.

Се вчитува...