Џулиус Рендл избран за играч со најголем напредок во НБА лигата (ВИДЕО)

Ѕвездата на Њујорк Никс, Џулиус Рендл ја освои наградата за играч со најголем напредок сезонава во НБА лигата.

Рендл наградата ја доби во конкуренција на Мајкл Портер Џуниор од Денвер Нагетс и Џереми Грент од Детриот Пистонс. Крилниот центар сезонава просечно забележа 24,1 поен, 10,2 скока и шест асистенции со што беше најзаслужен за враќање на тимот од „Медисон сквер гарден“ во плеј-оф по пауза од осум години.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA (@nba)

Се вчитува...