„Џузепе Меаца“ почна да слави, но се појави Сиригу (видео)

Салваторе Сиригу е главниот виновник што Интер не забележа победа на вечерашниот дуел со Торино што заврши 2-2. Се играше 92. минута кога топката на работ на шеснаесетникот дојде до Перишиќ, а Хрватот кој веќе постигна еден гол шутна силно кон горниот агол. Се чинеше неодбранливо, присутните на „Џузепе Меаца“ веќе ја видоа топката во мрежата, но тогаш Сиригу се испружи колку што е долг и со извонредна интервенција ја извади топката од под самата греда.

Без конкуренција најдобра голманска интервенција во „Серија А“ викендов.

 

Се вчитува...