Ди Франческо го демантира Коста: Побрзо би умрел отколку тоа да кажам некому!

Фудбалерите на Јувентус изминатиот викенд на домашен терен славеа против Сасуоло со 2-1, но мечот го одбележа инцидентот меѓу Даглас Коста и Федерико Ди Франческо.

Коста и Ди Франческо дојдоа до судир во финишот на мечот, а исход од сето тоа беше црвениот картон за фудбалерот на Јувентус. Бразилецот најпрво со глава го удри играчот на Сасуоло, а потоа го плукна што беше крајно изненадувачки за сите на теренот.

По натпреварот Коста им се извини на навивачите на Јувентус поради својот потег, но сепак немаше милост за него од дисциплинците кои го суспендираа на четири меча. Бразилецот изјави дека тоа го направил поради тоа што Ди Франческо го навредувал на расистичка основа, но фудбалерот на Сасуоло ги демантира овие наводи.

„На друштвените мрежи сите ме нападнаа. Разочаран сум и сакам сите да ја знаат вистината. Не го навредував Коста на расистичка основа. Нормално е да има на терен некои ‘гадни зборови’ но никогаш не изговорив ниту еден на расистичка основа. Побрзо би умрел отколку да навредувам некого на тој начин. И за тоа не сакам никогаш повеќе да зборувам во мојот живот“ – порача Ди Франческо.

Се вчитува...