Ди Франческо нов тренер, а Хектор Морено првото засилување за Рома

Еузебио Ди Франческо e именуван за нов тренер на италијанскиот калчолигаш Рома. Тој потпиша договор на две години и ќе се врати во клубот каде мина и добар дел од играчката кариера.

„Многу сум среќен што се враќам во клубот што ми значи навистина во животот. Сакам да се заблагодарам за довербата и да порачам дека ќе сторам се за тимот да бележи успеси во наредниот период“, изјави Ди Франческо.

Стоперот на ПСВ, Хектор Морено е првото засилување на спортскиот директор Мончи во Рома. 29-годишниот капитен на Мексико потпиша четиригодишен договор со „волчицата“, а клубот за неговите услуги ќе исплати шест милиони евра.

moreno

„Многу сум среќен што ќе играм за Рома. Ова е чекор напред во мојата кариера. Се надевам дека моите индивидуални квалитети ќе допринесат за колективен успех“ – истакна Морено за официјалниот сајт на клубот.

Морено пристигнува во Рим по две сезони во дресот на ПСВ, а во холандскиот фудбал ќе биде запаметен по освојувањето на титулата во сезоната 2015/16. Тоа е негова втора титула во Холандија, откако во 2009 година беше шампион со АЗ Алкмар. Во периодот од 2011 до 2015 година играше за шпански Еспањол, каде забележа повеќе до 100 настапи за клубот.

„Хетро Морено ми беше трансфер мета подолго време. Многу ми е мило што создадовме околности да го донесеме тука. Тој е одличен дефанзивец, со многу искуство. Профилот на Морено најмногу одговара од она што го баравме и што ни беше на располагање на пазарот“ – изјави експертот за транфери, Мончи.

На репрезентативно ниво може да се пофали со златен медал од Купот на конфедерации освоен во 2015 година, како и настап на две светски првенства, во 2010 и 2014 година. Морено ќе биде ја предводи мексичката репрезентација и на претстојниот Куп на конфедерации во Русија.

Се вчитува...