Ди Марија го „реши“ Нант, ама и го промаши невозможното

Пари Сен Жермен оствари уште една победа во францускиот шампионат совладувајќи го минимално Нант на гостински терен со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за „светците“ беше аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија во 12.минута од средбата.

Малку подоцна, Ди Марија успеа да го промаши невозмножното…Беше осамен пред празниот гол, шутираше, ја погоди гредата, а потоа топката се одби и отиде во гол – аут.

Се вчитува...