Ди Марија се сели во Италија, во редот чекаат Милан, Интер и Јувентус

Францускиот гигант Пари Сен Жермен мора да продава дел од своите ѕвезди оваа зима за да го задоволи финансискиот фер-плеј по огромните трошоци што се појавија при купувањето на Нејмар и на Килијан Мбапе. Една од ѕвездите кои нејверојатно ќе треба да замине е и аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија. По искуството со настапите во Шпанија, Англија и во Франција, следната дестинација на Ди Марија треба да биде Италија.

За него постои интерес од три големи италијански клубови, Милан, Интер и Јувентус. ’Најзагреан’ е токму Милан, кој сака да продолжи со реновирањето на составот, а најмногу му недостига токму во офанзивата. Анхел Ди Марија би донел нов квалитет меѓу „росонерите“, но во редот чекаат и Интер и Јувентус. Неговиот агент набрзо ќе отпочне преговори со заинтересираните клубови, а преселбата на Аргентинецот на „чизмата“ може да се очекува во јануари.

Се вчитува...