Ди Марија со тешки психички проблеми поради коронавирусот

Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија имал големи проблеми во периодот на карантин предизвикан од пандемијата од коронавирусот. Имено, асот на Пари Сен Жермен веќе некое време покажува знаци на анксиозност и депресија.

Како што пренесуваат весникот „Паризиен“, Ди Марија во периодот на забрана на движење имал големи проблеми со спиењето. Причина бил прекинот на сезоната во Лига 1 и отсуството на фудбал во неговиот живот.

Честите симптоми го загрижиле и неговото семејство, а сопругата на Ди Марија дека понекогаш тој се однесува како зомби. Аргентинецот е член на ПСЖ од 2015 година.

Се вчитува...