Диало: Фудбалот е како „Aјфон“, штом ќе излезе нов модел, стариот станува ѓубре

Крилниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Амад Диало даде интересна изјава во врска со модерниот фудбал, споредувајќи ги играчите со мобилен телефон.

23-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата коска дојде во Манчестер Јунајтед во 2021 година од Аталанта каде мина и во младинските категории, но беше испраќан на позајмици во Глазгов Ренџерс и во Сандерленд, а од 2023 година е стандарден член на тимот од „Олд Трафорд“.

„Фудбалот е како нов „ајфон“. Те ценат некое време, но кога ќе излезе нов модел, стариот веќе станува ѓубре и се менува“, напиша крилниот фудбалер на Манчестер.

Се вчитува...