Дибала е клучот за враќањето на Погба во Јувентус

Јувентус игра одлично на стартот од новата сезона, но клупската управа уште крои планови за играта да се крене на уште повисоко ниво, а со тоа да се зголемат и шансите за освојување на Лигата на шампионите. Според „црно-белите“ од Торино, неопходен за такво нешто им е Пол Погба, но неговиот трансфер не е нималку лесен, бидејќи во трката ќе треба да се победи Барселона, а воедно и да се убеди Манчестер јунајтед на продажба на својот најскап фудбалер.

Според информациите од Апенинскиот полуостров, „старата дама“ веќе во јануари ќе се обиде со нова богата понуда, во која ќе биде вклучен и Пауло Дибала. Аргентинецот е напаѓач од светска класа, но со доаѓањето на Роналдо и малите промени во тактиката за него веќе нема место во стартниот тим на Јуве. Доколку Алегри во најскоро време не успее да ги адаптира Дибала и Роналдо еден крај друг, аргентинскиот генијалец би можел веќе во јануари да ги промени клупските бои, а Манчестер јунајтед дефинитивно би бил една од опциите.

Станува збор за играч што Мурињо го има барано на „Олд трафорд“, па во ситуација кога Погба е несреќен и сака да си замине од Манчестер, директна размена на двајца фудбалери со вредност од над 100 милиони евра дефинитивно би можела да ги исполни желбите и на клубовите и на самите играчи.

Се вчитува...