Дибала е желбата на Лопетеги

Реал Мадрид релативно мирно го мина летниот преоден рок, но тоа не значи дека ќе „мирува“ и претстојната зима. Тренерот Хулен Лопетеги размислува за можните засилувања, а негова голема желба е Пауло Дибала, аргентинскиот интернационалец од редовите на Јувентус. Според Лопетеги, тој одлично би се вклопил во неговата концепција како втор напаѓач во тимот, зад Карим Бензема.

Италијанските медиуми откриваат дека „старата дама“ ова лето ја одбило понудата на Реал Мадрид за Дибала, но и дека „кралевите“ немаат намера да се откажат, туку ќе притиснат уште посилно во зимскиот преоден рок. По доаѓањето на Кристијано Роналдо, позицијата на Пауло Дибала во составот на Масимилијано Алегри е загрозена, и тој размислува за заминување. Понуда од „Сантијаго Бернабеу“ секако дека би ја прифатил без размислување, а „кралскиот клуб“ е подготвен да плати 180 милиони евра.

Се вчитува...