Дибала фатен во лага… од претседателот Ањели

Пауло Дибала конечно го прекина голгетерскиот пост постигнувајќи го првиот гол за Јуве сезонава на гостувањето против Џенова, по што аргентинскиот ас истакна дека очекува да потпише нов договор со „старата дама“.

Преговорите за продолжување на соработката траат повеќе од една година, а Дибала се пожали дека не добил конкретна понуда, обвинувајќи ги медиумите дека измислуваат цифри што тој ги бара од управата на Јуве (15 милиони евра по сезона плус бонуси).

„Мојот агент долго време беше во Торино и воопшто не беше повикан на разговори. Ме разочарува што се шпекулира со бројки, бидејќи зборување за овие бројки значи вртење на навивачите против мене, без оглед на љубовта што ја имам кон Јуве“, изјави Дибала.

Аргентинецот сепак не ја говорел вистината бидејќи само 24 часа по оваа негова изјава пристигна одговор, и тоа од првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.

„Не знам за што зборувал Дибала. Тој има на маса понуда, сума со која ќе биде меѓу 20-те најплатени фудбалери во Европа. Го очекуваме неговиот одговор, но најважен е неговиот одговор на теренот. Сите ние сакаме тој да биде еден од петмината најдобри фудбалери во Европа, но се уште не е во тоа друштво. И тој самиот е свесен за тоа“, му порача Ањели на аргентинскиот голгетер.

Понудата до Аргентинецот изнесувала 10 милиони евра по сезона наместо седумте што ги заработува според актуелниот договор. Неофицијално, Дибала ја одбил оваа сума, а Јувентус не испраќа понуда понуда, со што се отвора вратата за аргентинскиот голгетер на крајот од сезонава да си замине од таборот на „старата дама“.

Се вчитува...