Дибала и неговата девојка „откачија“ – Направија несоодветно видео кое им го забрани „ТикТок“ (ВИДЕО)

Пауло Дибала и неговата девојка се повторно во центарот на вниманието. Иако ѕвездата на Јувентус и Оријана Сабатини за прв пат беа мета на јавноста по нејзината изјава дека е бисексуалка и дека сака и мажи и жени, сега двајцата споделија несоодветно видео кое им беше забрането да го објават на една од познатите социјални мрежи.

Имено, Дибала и неговата поубава половина направија видео во кое фудбалерот на Јувентус се обидува да ја крене користејќи само една рака. Ова тој го стори со ставање на подлактицата меѓу нозете на Оријана, но проблемот настана кога тие сакаа да го објават ова видео на социјалната мрежа „TикТок“.

Оваа мрежа има свои правила, па затоа „ТикТок“ го оцени споменатото видео како несоодветно, не дозволувајќи му да остане објавено. Дибала и Оријана решија да го постават видеото на други социјални мрежи, за сите да можат да го видат.

 

Се вчитува...