Дибала: Јас и Ориана сме позитивни на коронавирусот, но се чувствуваме супер

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала сепак е позитивен на Covid-19. Самиот информираше дека неговиот тест е позитивен, исто како и тестот на неговата девојка Ориана. Тие се во изолација од 11.март, а Дибала е третиот фудбалер на Јувентус позитивен на коронавирусот по Даниеле Ругани и Блес Матуиди.

„Сакам да ве информирам дека тукушто ги добивме резултатите од тестовите за Covid-19 и јас и Ориана сме позитивни. За среќа ние се чувствуваме супер и немаме никакви тегоби. Благодариме за пораките на поддршка и ви возвраќаме на поздравите“, напиша Пауло Дибала на Твитер.

Се вчитува...