Дибала: Конечно, излечен сум!

Пауло Дибала конечно ја израдува фудбалската јавност обелоденувајќи дека излегол како победник од борбата со Ковид-19. Асот на Јувентус долго време водеше битка со најновата болест на денешницата, се појавија шпекулации за нов позитивен тест, но тој денеска преку профилите на социјалните мрежи ја објави убавата вест.

„Моето лице говори се, конечно се опоравив од коронавирусот“, напиша Дибала на својот инстаграм-профил, објавувајќи своја фотографија како слави со раширени раце.

Аргентинецот последен ќе ги стартува подготовките на Јувентус, но се очекува да биде подготвен за продолжението на сезоната, кое би требало да биде закажано за околу еден месец.

Се вчитува...