Дибала открива: Пред неколку денови бевме навистина лошо

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала и неговата девојка Ориана се во карантин и домашно лекување откако е откриено дека се заразени од коронавирусот.

На почетокот се тврдеше дека имаат само лесна форма на вирусот Ковид-19, но Дибала открива дека минале и низ крајно тешки моменти и двајцата, иако сега се чувствуваат добро.

„Добро се чувствуваме, сигурен сум дека ќе ја надминеме оваа болест. Но, мора да кажам дека пред три дена и двајцата бевме во далеку потешка ситуација. Чувствуваме сериозни проблеми, главоболка, кашлица и тешко дишење. Мора сите да внимавате, чувајте се и избегнувајте секаков контакт“ – порача Дибала.

Се вчитува...