Дибала рече дека го победил коронавирусот, но тестот повторно покажа дека е позитивен

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала и неговата девојка Ориана Сабатини повторно се позитивни на коронавирусот. Ова значи дека ќе мораат да останат во задолжителен карантон уште најмалку 14 дена. Само пред неколку дена, Пауло и Ориана се пофалија дека го победиле Covid-19 и дека се чувствуваат одлично.

„На 21 март направивме трето тестирање и бевме позитивни со моето момче. Пред три дена направивме тестирање кое беше негативно, но сега имаме трет тест кој е позитивен. За жал, се уште имаме коронавирус и не знам како е тоа можно. Ќе останеме дома најмалку уште две седмици“, објави Ориана Сабатини.

Се вчитува...