Дибала со хет – трик го реши Сасуоло

Италијанскиот првак Јувентус продолжува со максимален ефект на стартот од Серија А. „Старата дама“ денеска го совлада Сасуоло на гости со 1-3. Главен актер беше Пауло Дибала, кој постигна хет – трик во дресот на Јувентус. Тој го отвори резултатот во 16.минута, зголеми на 0-2 во 49.минута, а потоа и ги разреши дилемите околу победникот во 63.минута.

Политано во 51.минута беше стрелец на погодокот за Сасуоло.

Sassuolo 1 – 3 Juventus 17_09_2017 All Goals… by goal_live

Се вчитува...