Дибала: Важни се трофеите, а не головите

Пауло Дибала продолжи со извонредните настапи во дресот на Јувентус и на градското дерби со Торино, на кое аргентинскиот ас постигна два од четирите гола за „старата дама“ во убедливиот триумф од 4-0. Тој сезонава целосно го остави во сенка сонародникот Гонзало Игуаин, но Дибала не дозволува преголема еуфорија бидејќи е свесен дека битката за трофеи допрва претстои.

Играме добро во нападот, се наоѓам во одлична форма, но и тимот ми помага. Чувството да се постигнуваат голови е одлично, но за мене е многу поубаво да освојувам трофеи со тимот. Тоа е целта за сезонава, да атакуваме на трите трофеи и оваа сезона“ – изјави Дибала, кој постигна десет гола на првите шест средби од Серија А.

Игуаин вчерашното дерби го почна на клупата за резерви, но Дибала е убеден дека неговиот сонародник наскоро ќе влезе во препознатливиот голгетерски ритам.

Ова не е добар период за него, јасно е дека кога си напаѓач се мачиш кога не можеш да дадеш гол. Треба само да се опушти, еден погодок е доволен за ситуацијата да се промени, знам бидејќи и јас имав слични проблеми на стартот од ланската сезона. Гонзало е играч од светска класа, и штом го скрши мразот, ќе влезе во гол-серија“ – вели Пауло Дибала.

Се вчитува...