Дибиров е трагичарот – промаши три пати за 15 секунди (видео)

Тимур Дибиров е трагичарот на Вардар на денешниот пораз од Веспрем, откако раката на Русинот затрепери во клучните моменти од мечот, па тој промаши дури три удари во рок од 15 секунди.

Резултатот гласеше 24-25 кога Вардар имаше играч повеќе и пенал. Дибиров ја презеде одговорноста и промаши, одбиената топка дојде до него, но тој ја затресе гредата… а кога судиите повторно му дадоа напад на Вардар поради вратена топка од Наѓ кон голманот, Дибиров наместо да ги смири страстите кога очигледно не му одеше, тврдоглаво зеде шут од девет метри – и повтоно промаши.

Три промашувања во еден толку краток период, ривал како Веспрем знаеше како да ги казни и да го освои Скопје.

Се вчитува...