Дибиров во најдобриот тим и со вториот најубав гол на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар со победа од 39-30 против Елверум го заврши настапот во групата А од ракометната Лига на шампиони.

Тимур Дибиров со седум гола беше прво име во таборот на „црвено-црните“, а оваа партија му донесе да се најде во најдобриот тим на колото во елитното ракометно натпреварување. Покрај ова, неговиот прекрасен гол во финишот на мечот беше рангиран како втор најдобар во последната рунда.

 

 

Се вчитува...