Дибирова: Горда сум на екипата и на девојките

Ирина Дибирова има причина да биде задоволна по перфектните шест од шест на вардарки во групната фаза од Лигата на шампионите. По победата против Турингер, Дибирова го истакна тоа додавајќи дека овој состав на Вардар може и повеќе.

„Во првото полувреме намерно менувавме повеќе играчи за да можеме да го одржиме темпото во второто полуврме. Горда сум на екипата и на моите ракометарки. Ги освоивме сите бодови во групата. Но, што се однесува до играта, секогаш може да биде и подобро“ – рече тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

По зимската пауза за репрезентативните настапи, втората фаза во Лигата на шампионите во која се формираат нови две групи со по шест екипи, продолжува на 26 јануари.

Се вчитува...