Диего Коста го прекина штрајкот, се врати на тренинзите на Атлетико Мадрид

Диего Коста повторно тренира со соиграчите од Атлетико Мадрид откако го прекина штрајкот кој го почна поради тоа што клубот го информираше дека ќе мора да биде дисциплиниран по изрекувањето на суспензијата од осум натпревари поради инцидентот со судијата на натпреварот против Барселона.

Незадоволен од тоа што клубот наводно не застанал зад него, Коста реши да не тренира во знак на протест. Лутината не му траеше долго па веќе денеска се врати на тренинзите со екипата.

Атлетико Мадрид почна сопствена независна истрага за испадот на Коста и се очекува тој да добие и дополнтелна, интерна казна од клубот.

За Диего Коста штрајковите не се новитет. Тој одбиваше да тренира и во периодот кога Челси не му дозолуваше да направи трансфер за што беше казнет со  300.000 фунти.

Се вчитува...