Диего Коста ќе го спасува „фенерџијата“ во Серија „А“

Екипата на Салернитана можеби уште вечерва ќе потпише договор со искусниот голгетер Диего Коста. Коста кој играше во Атлетико и Челси во минатото, сега е член на Атлетико Минеиро во Бразил. Според италијанските медиуми, веќе сите детали се договорени и само прашање на време е потписот на Коста.

Освен за овие два клуба, Коста играше и за Рајо Валјекано, Валјадолид, Селта, Албасете, Брага и Пенафиел.

Освен тој, играше и за репрезентацијата на Шпанија за која во 24 меча постигна 10 гола.

Се вчитува...