Диего Коста пак има нешто да каже за Конте: Не би издржал во Реал Мадрид ниту една сезона

Диего Коста никако не му заборава на Антонио Конте за исфрлањето од Челси. Шпанецот и поранешниот менаџер на Челси немале проблеми на теренот, но имале огромни недоразбирања надвор од него, раскажува Диего Коста.

Имав проблеми со него надвор од теренот, но сепак мислам дека тој е добар тренер. Навистина не му се лутам, но треба да си го промени односот кон луѓето. Многу е сомничав и во тим како Реал Мадрид на пример не би издржал ниту една сезона“ – вели во изјава за ЕСПН, Диего Коста.

По освојувањето на шампионската титула во 2017 година, Диего Коста и Антонио Конте жестоко се раскараа и шпанскиот фудбалер го загуби местото во тимот. Тој постигна 52 гола во трите сезони во Премиер-лигата и освои две титули. Во септември 2017, Диего Коста се договори за враќање во Атлетико Мадрид.

Се вчитува...