Холанѓанецот Дик Адвокат ќе остане селектор на селекцијата на Курасао до јули идната година.
Договорот со Курасао му истече по елиминацијата на Светското првенство, но направениот успех со историскиот пласман на Мундијалите, беше доволен за да му биде продолжен договорот до идното лето.
Интересно е што Адвокат на неодамна завршеното СП стана најстариот селектор во историјата на Мундијалите. Тој го водеше Курасао на дуелот со Брегот на Слоновата коска во третото коло од групната фаза со 78 години и 271 ден.
Со потпишувањето на новиот договор, Дик Адвокат за 49 дена ќе го надмине Рој Хоџсон и ќе стане најтариот тренер кој водел некоја екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
