Димарко го потопи Јуве – Интер е во финалето на Копа Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер се првите финалисти во италијанската Копа Италија откако вечерва во реваншот од полуфиналето на домашен терен славеа против Јувентус со минимални 1-0.

По првиот натпревар кој се одигра во Торино резултатот беше 1-1, а голот на Димарко во 15. минута беше доволен за ново финале за „нероаѕурите“ во најмасовното италијанско фудбалско натпреварување.

Во финалето Интер за противник го очекува подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Кремонезе каде тимот од Фиренца по првиот натпревар има предност од 2-0.

Inter [1] – 0 Juventus [2-1 on agg.] – F. Dimarco 15′
by u/CivillyWalk757 in soccer

Се вчитува...