Димитри Паје се сложи на огромно намалување на платата и потпиша за Олимпик Марсеј до 2024

Поранешниот француски репрезентативец Димитри Паје останува на „Велодром“ до 2024 година. Тој потпиша нов двегодишен договор со Олимпик Марсеј, а истовремено се сложи и на големо намалување на платата за наредните две сезони.

Раководството на Олимпик Марсеј му објасни на Паје дека клубот е во финансиска криза поради пандемијата на коронавирусот, а одличниот играч од средниот ред се сложи платата за следната сезона да му биде намалена за 50%, а во сезоната 2021/22 да заработува 30% помалку од претходно договореното. Покрај тоа, стави потпис за верност кон клубот до 2024 година.

 

Се вчитува...