Мајорка го победи тимот на Рајо Ваљекано, за кој бранеше Столе Димитриевски. Македонскиот голман ја имаше таа несреќа во последните мигови да прими гол од Ведат Муричи, и да претрпе пораз.
Санчез во 48. минута го донесе тимот на Мајорка во предност, Димитриевски беше немоќен. Гарсија во 76. минута донесе радост за Рајо, но во првата минута од судиското надополнување Муричи со глава погоди во голот и донесе победа за Мајорка.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА