Димитриевски: Мотор беше подобро подготвен за нашите „7 на 6“

Дарко Димитривски со пет гола од пет обиди беше прв стрелец и го одигра најдобриот натпревар сезонава во дресот на Металург. Но, тоа не помогна многу во комплетно лошото издание на макеоднскиот вицешампион во поразот од Мотор Запорожје, во претпоследниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Се подготвувавме цела недела за овој меч, но Мотор дојде многу подобро подготвен за нашата игра „7 на 6“ која ја играме секогаш. Исто така и нивниот голман имаше свој ден. Го отворивме натпреварот „ладно“, а Мотор ни во еден момент не остави да се приближиме. Ја заслужија победата и им посакувам среќа во понатамошните натпревари“ – рече бекот на Металург по поразот од Мотор Запорожје.

Се вчитува...