Димитриевски: Посакувам да ја продолжиме низата без примен гол

Репрезентативниот голман Столе Димитриевски оптимистички е расположен пред престојните нови два натпревари против Лихтенштајн и против Ерменија во рамките на Лигата на нациите.

Македонија по првите две кола, со две победи, е на лидерската позиција во групата сега со отворена желба кај сите репрезентативци истата да се задржи…

„Среќен сум што сум на овој собир. Се подготвуваме за првиот дуел против Лихтенштајн. Мислам дека ќе го одиграме како што треба и како што сите очекуваме. Посакувам да продолжи нашата низа без примен гол и со нова победа да бидеме на чекор од првото место во групата“ – вели Димитриевски на стартот од новиот репрезентативен собир.

Македонија против Лихтенштајн игра на 13. октомври од 20:45 часот во Скопје, а дуелот со Ерменија во Ереван се игра на 16. октомври.

Се вчитува...