Димитриевски пред трансфер во Гетафе

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред трансфер во мадридски Гетафе.

Рајо Ваљекано не успеа да се врати во Ла Лига, поради што Димитриевски, како што пренесуваат шпанските медиуми, сосема извесно ќе бара средина од елитата за продолжување на кариерата. Гетафе веќе испратил сериозна понуда до Рајо, преговорите се во тек па се очекува разврската во текот на следната недела.

Покрај Гетафе, заинтересирани за услугите на Димитриевски се и неговиот поранешен клуб Гранада кој во новата сезона ќе игра во Лигата на Европа, како и Еибар. Засега во предност е Гетафе кој е со најконкретна понуда. Актуелниот договор на Димитриевски со Рајо Ваљекано е до 2024 година.

Се вчитува...