Димитриевски продолжува во Рајо Ваљекано!?

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски најверојатно својата кариера ја продолжува во екипата на Рајо Ваљекано.

Како што пренесуваат дел од шпанските медиуми, двете страни веќе се пред договор за идна меѓусебна соработка која треба да се обелодени до крајот на месецов кога завршува преодниот рок во Шпанија.

Од поодамна беше познато дека Димитриевски го напушта Гимнастик ова лето, селејќи се во Примера дивизијата. Сега веќе отворено се најавува дека негова следна дестинација ќе биде Рајо Ваљекано.

Се вчитува...